Црквите и верските заедници со висока и стабилна доверба - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Црквите и верските заедници со висока и стабилна доверба PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 03 dhjetor 2008 13:28

doverba-vo-go-2008[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општата доверба, довербата во институциите и довербата во граѓанското општество. Во ова соопштение ви го презентираме третиот дел од истражувачкиот извештај кој се однесува на довербата во црквите и верските заедници.

Истражувањето покажа дека општата доверба во црквите и верските заедници е висока (65,6%) и стабилна – на исто ниво како и минатата година. Свештените лица имаат доверба од 54%.

Довербата во црквите и верските заедници е поголема кај граѓаните со пониско образование.

Забележителна е високата доверба во своите: етничките Македонци во МПЦ,  етничките Албанци во ИВЗ. МПЦ е со мнозинска доверба (53%). Сите цркви и верски заедници имаат висока доверба кај претпоставените приврзаници (верници, членови). Довербата е изразена кај сличните - во МПЦ имаат висока доверба од 70% етничките Македонци, а во ИВЗ висока доверба од 77%  етничките Албанци.

Дел од резултатите од истражувањето можат да се толкуваат и како недоверба во различните и можна верска нетолеранција. МПЦ има доверба од 11% меѓу етничките Албанци, а ИВЗ има доверба од 22% меѓу етничките Македонци.

Малобројните цркви и заедници како Католичката, Методистичката и Еврејската имаат доверба од околу 21%. Иако довербата многукратно го надминува бројот на членови на наведените цркви и заедници, сепак големо мнозинство граѓани од околу 79% искажуваат недоверба кон малобројните цркви и верски заедници. Овие податоци може да укажуваат на верска нетолеранција. Ова е поткрепено и со 30,6% од граѓаните кои не сакаат сосед од друго верско убедување.

Повеќе информации за истражувањето можете да добиете во МЦМС кај Гонце Јаковлеска (02) 3065 381 (локал 142) или на 070/252 081.

Прв дел од истражувачкиот извештај
Втор дел од истражувачкиот извештај

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Црквите и верските заедници со висока и стабилна доверба