Граѓаните не чувствуваат одговорност за животната средина - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните не чувствуваат одговорност за животната средина PDF Печати Е-пошта
Среда, 22 април 2009 10:01

Граѓаните не чувствуваат одговорност за животната средина[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општeствената одговорност на граѓаните. Прв пат во рамките на истражувањето беа опфатени  прашања за заштитата на животната средина . Во оваа соопштение ви ги презентираме резултатите од тој дел на истражувањето.

Поразителни се информациите за одговорноста за заштита на животната средина. Само еден од пет граѓани чувствува одговорност за зачувување на животната средина. Иако е висока поддршката за мерките за заштита на животната средина, само 21,3% чувствуваат лична одговорност за нејзина заштита.

На фабриките загадувачи треба да им се забрани работата додека не ги исполнат еколошките стандарди сметаат 80,7% од испитаниците. Овој процент значително се зголемува во вардарскиот регион (96,2%) каде граѓаните на своја кожа ги чувствуваат последиците од работата на фабриките загадувачи.

Големо мнозинство граѓани даваат поддршка за воведување стандарди и мерки за заштита на животната средина како што се исклучување на патничките возила кои не ги исполнуваат стандардите за издувни гасови (71,9 %); подигање на стандардите за градба заради заштеда на енергија (93,5 %); обезбедувањето делумна поддршка (субвенции) од страна на Владата за примена на повисоките стандарди (93,7 %) потребни за заштита на животната средина. Анализата на социо-демографските карактеристики на испитаниците покажа дека регионот во кој живеат и степенот на образование имаат умерено влијание на ставовите на граѓаните
Најголем дел од испитаниците сметаат дека задолжителното селектирање на ѓубрето од домаќинствата заради рециклирање е оправдано (75,9 %).

Мнозинство граѓани ги оправдуваат забраната на употреба на пластичните кеси и нивна замена со хартиени и платнени  и строгите казни за фрлање ѓубре на места кои не се определени за тоа (61,1 % т.е. 67,1 % респективно) и не го оправдуваат ловот на дивите животни (61,% %). Но, малцинство граѓани 41,5 % го оправдуваат плаќањето кауција за амбалажа која ја загадува животната средина (на пр. пластични шишиња).

Општествена одговорност на граѓаните.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните не чувствуваат одговорност за животната средина