Малку граѓани се вклучуваат во доброволни активности во заедниците - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Малку граѓани се вклучуваат во доброволни активности во заедниците PDF Печати Е-пошта
Вторник, 14 април 2009 12:37

Малку граѓани се вклучуваат во доброволни активности во заедниците[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општествената одговорност на граѓаните. Во ова соопштение ви ги презентираме податоците за  третиот дел од истражувачкиот извештај – учество во доброволни активности во заедницата .

Учеството на граѓаните во доброволни активности во заедницата е мерено со помош на две прашања, дали граѓаните учествувале во доброволни акции во заедницата и ако учествувале колку време годишно употребиле за тие активности? Доброволните активности вклучуваат учество во состаноци на кои се расправа за проблемите во заедницата (општина, месна заедница, куќен совет и сл.), доброволно учество во активност корисна за заедницата (пр. чистење на улици и други јавни површини) или пак помагање на други луѓе од заедницата без надомест за тоа.

Истражувањето покажа дека граѓаните покажуваат мал интерес за активно вклучување во доброволни активности во заедницата. Помалку од третина од испитаниците (27,4 %) изјавиле дека волонтерски се вклучиле во активности во заедницата.

Оние што се активни, најчесто се ангажираат до 10 часа годишно што може да укажува на тоа дека граѓаните немаат изградени навики/свест за да направат нешто повеќе за заедницата и сограѓаните.

Мажите за 19,6 % повеќе се вклучени во активностите во заедницата од жените.

Притоа разликата помеѓу мажите и жените е поизразена во руралните средни каде што мажите се за 34,2 % поактивни во заедницата од жените и кај албанската етничка заедница каде што Албанците се за 36,2 % поактивни во заедницата од Албанките.

Ваквите резултати упатуваат на можен родов стереотип, односно дека активностите во заедницата се „машка работа“.

Што се однесува до влијанието на другите социодемографски карактеристики на вклученоста во доброволните активности во заедницата, забележително е дека се поактивни оние со високо образование (39 %) од граѓаните со завршено основно образование (15,9 %), во поглед на регионот каде што живеат, најактивни се граѓаните од источниот регион (42,3 %), а најмалку активни се оние од североисточниот (14,7 %).

Општествена одговорност на граѓаните.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Малку граѓани се вклучуваат во доброволни активности во заедниците