Граѓаните не чувствуваат одговорност за животната средина |
![]() |
![]() |
![]() |
Wednesday, 22 April 2009 10:01 | |||
Поразителни се информациите за одговорноста за заштита на животната средина. Само еден од пет граѓани чувствува одговорност за зачувување на животната средина. Иако е висока поддршката за мерките за заштита на животната средина, само 21,3% чувствуваат лична одговорност за нејзина заштита. На фабриките загадувачи треба да им се забрани работата додека не ги исполнат еколошките стандарди сметаат 80,7% од испитаниците. Овој процент значително се зголемува во вардарскиот регион (96,2%) каде граѓаните на своја кожа ги чувствуваат последиците од работата на фабриките загадувачи. Големо мнозинство граѓани даваат поддршка за воведување стандарди и мерки за заштита на животната средина како што се исклучување на патничките возила кои не ги исполнуваат стандардите за издувни гасови (71,9 %); подигање на стандардите за градба заради заштеда на енергија (93,5 %); обезбедувањето делумна поддршка (субвенции) од страна на Владата за примена на повисоките стандарди (93,7 %) потребни за заштита на животната средина. Анализата на социо-демографските карактеристики на испитаниците покажа дека регионот во кој живеат и степенот на образование имаат умерено влијание на ставовите на граѓаните Мнозинство граѓани ги оправдуваат забраната на употреба на пластичните кеси и нивна замена со хартиени и платнени и строгите казни за фрлање ѓубре на места кои не се определени за тоа (61,1 % т.е. 67,1 % респективно) и не го оправдуваат ловот на дивите животни (61,% %). Но, малцинство граѓани 41,5 % го оправдуваат плаќањето кауција за амбалажа која ја загадува животната средина (на пр. пластични шишиња).
|