Институционален развој на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Институционален развој на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Сабота, 07 ноември 2009 12:58

programa_IRGСо напредокот на државата од стекнувањето на независноста напредува и граѓанското општество, но сè уште се соочува со низа предизвици. Дел од овие проблеми се делумно овозможувачката правна рамка, намалувањето на финансирањето, малата вклученост на граѓаните и ограничената соработка. МЦМС повеќе од 15 години придонесува кон организацискиот и институционален развој на граѓанското општество, за што има спроведено 22 програми и 716 проекти.

Општа цел на програмата е вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики. Цел на програмата е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации.

Целна група се организациите на граѓанското општество и општата јавност. Директни корисници се организациите на граѓанското општество, членките на Граѓанската платформа на Македонија, Министерството за правда, Одделението за соработка со НВО и Заедничкиот консултативен комитет. Во формулацијата на програмата беа вклучени граѓанските организации.

Резултати предвидени со програмата се:

  1. Поволни политики и овозможувачка правна средина за ГО
  2. Подобрено финансирање на ГО
  3. Споделени релевантни информации и анализи за состојбата на ГО
  4. Граѓанските организации соработуваат меѓусебно за прашања од заеднички интерес

Активности преку кои ќе се спроведе програмата се: Поддршка и лобирање за поволна правна рамка за ГО; Лобирање за подобрено финансирање на ГО од државата и др. извори; Истражување и информирање за ГО; и Поддршка на соработката меѓу ГО за прашања од заеднички интерес.

Програмата ќе даде повеќе продукти како на пример: коментар на новиот закон за здруженија и фондации; извештаи за спроведувањето на стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор; извештаи за јавното финансирање на ГО; истражувачки извештаи и трудови; веб-сајт; јавни расправи; семинари и работилници; обуки; тематски форуми.

Периодот на спроведување е 1 јануари 2009 г. – 31 декември 2011 г.

Информации за напредокот на програмата ќе се објавуваат на веб-сајтовите на МЦМС и Граѓански свет, како и во медиумите. Односите со јавноста предвидуваат обезбедување видливост на програмата и на МЦМС преку: прес-конференции, соопштенија за јавност, промоции, објавување на публикациите на сајтови, трибини и тркалезни маси.

Програмата ќе ја спроведува МЦМС, поточно Секторот за граѓанско општество и добро владеење. Програмскиот тим е составен од координатор на програмата, соработници на проект, помлад соработник и веб-администратор.

Програмата вклучува и подразбира активен ангажман на повеќе актери. Во дел од активностите ќе бидат вклучени членките на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН), Министерството за правда, Министерството за финансии, Одделението на Владата за соработка со НВО и други ГО и институции.

Програмата е категоризирана како многу сложена. Со оглед на тоа дека програмата адресира прашања кои бараат соработка меѓу повеќе актери од различни сектори и кои зависат од политичкиот контекст во земјата, постојат повеќе ризици, како што се: Намалени политичка волја и интерес за развој на граѓанското општество; Одржување референдуми и предвремени избори; Зголемена конкуренција за намалени ресурси; Необезбедување финансиски средства за целосно спроведување на програмата и др.

Дел од потребните финансиски ресурси се обезбедени од ЕЕД, ОБСЕ, УНДП и сопствени приходи, а за останатите средства ќе бидат поднесени апликации до други донатори. Буџетот изнесува 24.000.000 МКД.

Завршени проекти:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Институционален развој на граѓанското општество