Обуки и консултации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обуки и консултации PDF Печати Е-пошта
Сабота, 02 јули 2011 13:33

IMG 7984Општа цел на проектот беше овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот беше зајакнати капацитети на актерите кои придонесуваат во одржливоста и развојот на граѓанското општество.

Целна група на проектот беа организациите на граѓанското општество, како и институциите кои придонесуваат во развојот на граѓанското општество.

Проектот се спроведе во Република Македонија (Скопје, Охрид и Маврово) и Косово, (Митровица и Приштина).

Со проектот се постигна следниот резултат: Зајакнати капацитети на 200  претставници на организации на граѓанското општество, државни и јавни институции. Активности преку кои се спроведе овој резултат беа испорака на работилници, скроени обуки и консултации за различни знаења и вештини:

  • Работилница за сеопфатни проценки за косовските организации, одржана во Митровица, Косово во периодот 2-4.2.2011 г. На работилницата присуствуваа 12 учесници (3 жени и 9 мажи), претставници од организациите партнери на коалицијата Обединето претприемништво, која спроведува петгодишна програма за одржлив економски развој, финансирана од Холандското министерство за надворешни работи. Фасилитатор на работилницата беше Александар Кржаловски од МЦМС.
  • Работилница за стратешко планирање за Министерството за информатичко општество и администрација, одржана во Охрид во периодот 18-20.2.2011 г. На работилницата присуствуваа 67 учесници (29 жени и 38 мажи), претставници од различни министерства на Република Македонија. Фасилитатори на работилницата беа Александар Кржаловски и Димче Митрески од МЦМС, Фатмир Битиќи и Лилјана Алчева, надворешни консултанти.
  • Работилница за подготовка на Акциски планови за Ромските информативни центри (при Министерството за труд и социјална политика) за периодот 2011-2013 година. Работилницата беше одржана во Скопје во периодот 19-21.4.2011 г. На работилницата присуствуваа 15 учесници (5 жени и 10 мажи), претставници од Ромските информативни центри и МТСП. Фасилитатори на работилницата беа Валентина Чичева од МЦМС и Самет Скендери од  ИнСоК-Иницијатива за социјална промена, Скопје.
  • Обука за спроведување на Законот за здруженија и фондации, одржана во Маврово во периодот 18-19.5.2011 г. На обуката присуствуваа 16 учесници (10 жени и 6 мажи) државни службеници од министерствата и единиците на локална самоуправа од Р. Македонија. Обучувачка беше Емина Нурединоска.
  • Напредна обука за буџетирање за СИОФА, одржана во Скопје во периодот од 26-27.4.2011 г. На обуката присуствуваа 4 учесници (1 жена и 3 мажи), вработени во СИОФА. Обучувач беше Николаки Миов, надворешен консултант од Ревизорската куќа Ефект плус, Скопје.
  • Основна обука за раководење со човечки ресурси за СИОФА, одржана во Скопје во периодот од 4-5.5.2011 г. На обуката присуствуваа 12 учесници (4 жени и 8 мажи), вработени во СИОФА. Обучувачка беше Валентина Чичева од МЦМС.
  • Обука за управување со резултати за СИОФА, одржана во Скопје во периодот од 17-18.5.2011 г. На обуката присуствуваа 9 учесници (4 жени и 5 мажи), вработени во СИОФА. Обучувач беше Александар Кржаловски од МЦМС.
  • Обука за компјутерски вештини за СИОФА, одржана во Скопје 6 и 9.5.2011 г. На обуката присуствуваа 9 учесници (5 жени и 4 мажи), вработени во СИОФА. Обучувачка беше Елена Игнатова, надворешен консултант од Фондација Метаморфозис, Скопје.
  • Обука за канцелариско работење и управување со време за СИОФА, одржана во Скопје во периодот од 11-12.5.2011 г. На обуката присуствуваа 12 учесници (6 жени и 6 мажи), вработени во СИОФА. Обучувачка беше Валентина Чичева од МЦМС.
  • Обука за тим и тимска работа за СИОФА, одржана во Скопје во периодот од 19-20.05.2011 г. На обуката присуствуваа 9 учесници (5 жени и 4 мажи), вработени во СИОФА. Обучувачка беше Валентина Чичева од МЦМС.
  • Обука за односи со јавност за Народниот правобранител на Косово, одржана во Приштина, Косово на 20.6.2011 г. На обуката присуствуваа 15 учесници (6 жени и 9 мажи), вработени во канцеларијата на Народниот правобранител на Косово. Обучувач беше Грамоз Шабани од МЦМС.
  • Обука за обучувачи за адвокати, судии и обвинители, одржана во периодот од 7-9.07. и 16-17.9.2011 г. во Скопје. На обуката присуствуваа 20 учесници (9 жени и 11 мажи) од македонското правобранителство. Обучувачки беа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева од МЦМС.

Во периодот јули-октомври 2011 г. Институтот за демократија Социетас цивилис, Скопје спроведе истражување на јавното мислење на граѓаните на Република Македонија за различни актуелни прашања од јавен интерес.

Периодот на спроведување на проектот беше 1 февруари – 30 декември 2011 г.

Директните трошоци изнесуваат 1.026.471 денар.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обуки и консултации