Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликт - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликт PDF Печати Е-пошта
Сабота, 02 јули 2011 13:23

Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликтПоследните десетина години на глобални ниво течат неколку процеси за дефинирање каква меѓународна помош е потребна за да се постигне ефективност на граѓанското општество (ГО). Еден од овие процеси го води Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), наречен Отворен форум за ефективноста на развојната поддршка на ГО. Досега се одржани повеќе глобални, регионални и национални консултации, а во 2010 г. се одржа и Глобалното собрание, на кое се донесени и Истанбулските принципи за ефективност на развојната поддршка на ГО. Дополнително е договорено и да се дискутира за дејствувањето на ГО во ситуации на конфликт, процес кој го води Цивикус-Светската мрежа за граѓанско учество. За таа цел беа организирани две национални консултации во Зимбабве и во Филипини, како и една регионална консултација за Балканот.

Општа цел на проектот беше овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации.

Цел на проектот беше подобрена соработка помеѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес.

Целна група на проектот беа граѓанските организации и донаторите. Директни корисници беа граѓанските организации и нивните мрежи. Целното подрачје беа земјите од Западен Балкан, а локацијата на спроведување на проектот беше Скопје.

Постигнати резултати од проектот се: Подготвени препораки за насоки, механизми и показатели за поддршка на ГО во ситуации на конфликт засновани на Истанбулските принципи.

Проектот се спроведе преку следните активности:

а) Регионална тематска консултација: На работилницата присуствуваа 23 учесници на граѓански организации кои имаат искуство со работа во ситуации на конфликт од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Работилницата беше дводневна, каде првиот ден беше презентација на Отворениот форум и пленарна расправа,  а вториот ден имаше практичен дел кој им овозможи на учесниците да ги споделат своите искуства и да дискутираат со останатите учеснинци од други држави. Во дводневната работа учесниците успеаја да:

    • идентификуваат и приоритизираат заеднички принципи за ефективноста на развојната помош за ГО во ситуации на конфликт;
    • идентификуваат заеднички препораки до владите и донаторите за минималните услови за овозможувачка околина, кои се неопходни за ефективна работа на ГО во ситуации на конфликт;
    • дефинираат препораки за насоки, механизми и показатели за да им помогнат на ГО да ја измерат ефективноста на нивната работа во ситуации на конфликт.

Работилницата се одржа на 28 февруари и 1 март 2011 г. во х. Холидеј ин во Скопје. МЦМС беше одговорен за организација и фасилитација на работилницата. БЦСДН беше одговорен за координација на регионалното учество.

Периодот на спроведување беше од 15 февруари до 29 април 2011 г .

Цивикус, МЦМС и БЦСДН беа одговорни за спроведување на проектот.

Одговорна за проектот беше Даниела Стојанова, одговорен соработник за програмата, а во спроведувањето на активностите беа вклучени повеќе соработници.

Директните трошоци за проектот изнесуваат вкупно 594.435 денари.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликт