Нови вештини за односи со јавноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови вештини за односи со јавноста PDF Печати Е-пошта
Четврток, 16 јули 2009 13:58

Од 7 до 10 јули  МЦМС ја одржа обуката за односи со јавноста. Дванаесетте учесници имаа можност да дознаат повеќе за односите со јавноста и односите со медиумите, сами да подготват прес соопштение и да организираат прес конференција, да бидат дел од телевизиско и радио интервју, да организираат настани и да направат презентација.

Нови вештини за односи со јавноста

На обуката им беше посветено внимание и на новите технологии кои се користат во односите со јавноста како што се социјалните медиуми и пишувањето за веб.

Учесниците, претставници на граѓански организации, верски заедници или едноставно индивидуалци кои решиле да си ги подобрат вештините за односи со јавноста се соочија со предизвиците  на претставувањето во јавноста, со тремата и стравот од камери, со потребата од концизни и јасни изјави и пишувањето информации на начин што ќе ја заинтересира јавноста. Задоволни од она што можеа да го научат тие изјавија дека ќе ги искористат новите знаења и вештини во сегашните и идните организации каде се или ќе бидат ангажирани.

Нови вештини за односи со јавноста

Обуката ја спроведе Гонце Јаковлеска, делот за социјални медиуми Борис Ристовски, а за интервјуата беа задолжени Душко Арсовски, новинар и уредник на вести од Алфа телевизија и Стојан Наумов, поранешен новинар на Канал 77, член на Советот за радиодифузија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нови вештини за односи со јавноста