Подобрување на водоснабдувањето во Преспа приоритет за ресенчани - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобрување на водоснабдувањето во Преспа приоритет за ресенчани PDF Печати Е-пошта
Среда, 15 јули 2009 09:55

По девет месеци активно учество, на 10 јули оваа година, околу осумдесет граѓаните на Ресен, ги изгласаа проектите за кои мислеа дека се најпотребни за нивната општина.

Подобрување на водоснабдувањето во Преспа приоритет за ресенчани

Од ноември минатата година па до сега, во рамките на програмата „Форуми во заедницата“, од 5-6 идеи се развија четири проекти од страна на работните групи. Седмата, последна, форумска сесија беше наменета за конечен избор на проектите, кои ќе се финансираат од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој и општина Ресен.

„Би сакал да изразам голема благодарност за придонесот и ангажманот на МЦМС во текот на целиот процес. Денешната сесија е од голема важност за вас граѓаните на Ресен, бидејќи ќе одлучувате кој проект е ваш приоритет“, истакна градоначалникот на општина Ресен, Михаил Волкановски.

Цветанка Гирова, претставник на Единицата за координација на Форумите, ги поздрави присутните, се заблагодари на придонесот на институциите и граѓаните во форумите и ја потенцираше можноста да се даде гласот за најпосакуваниот проект, можноста и правото за одговорно однесување. Посебна благодарност упати на активните граѓани и предлагачите на проектите, а во исто време упати и препорака за општинската администрација, во иднина да изнајде решение за проектите кои нема да се финансираат со програмата и за идна примена на форумскиот пристап о работата на oпштина Ресен.

Димче Митрески, раководител на програмата во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), која е спроведувачка организација на оваа Програма во oпштина Ресен, се наврати на првата форумска сесија и потсети на бројноста на учесниците на форумот  и во исто време потенцираше дека сликата за бројност на присутните останува и до седмата форумска сесија. Тој ја потенцираше важноста од заедничкото дефинирање на проблемите, изнаоѓање на решенија за истите и сето тоа доведува до успешна соработка меѓу граѓаните и општината.

На седмата форумска сесија, во облик на проекти беа подготвени идеите: „Уредување на дворот и формирање на еколошко едукативен и спортско рекреативен центар – ЕКО СПОРТ“, „Подобрување на водоснабдувањето во Преспа“, „Заедно за здрава и чиста Преспа“ и „Уред за рециклирање на отпад од прерабока на дрво“.

После изјаснувањето на работните маси се сумираа бодовите, каде форумот донесе одлука да се финансира проектот за Подобрување на водоснабдувањето во Преспа.

Наредните чекори кои ќе се реализираат се потпишување на договор во септември  и отварање и спроведување на тендерски постапки во месец октомври 2009 година.

Вкупниот буџет за проектот изнесува 8 милиони денари.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Подобрување на водоснабдувањето во Преспа приоритет за ресенчани