Оглас за соработник за односи со јавноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за соработник за односи со јавноста PDF Печати Е-пошта
Недела, 31 март 2024 10:32

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува оглас за нов енергичен и проактивен соработник кој ќе се придружи на организацијата и ќе работи на промовирање на нејзините резултати пред јавноста. Рок за аплицирање: 14 април 2024

oglas odnosi so javnosta

Задачи на соработникот:

  • Креирање содржина за промоција на програмските активности за јавноста;
  • Подготовка на соопштенија за јавност, промотивен материјал и комуникациски извештаи;
  • Организирање, координација и новинарско покривање на проектни настани;
  • Учество во развој на комуникациски продукти (стратегија, медиумски план, публикации);
  • Комуникација преку социјалните мрежи (подготовка и објавување на содржини (содржинско и визуелно), креирање, следење и оптимизирање на кампањи);
  • Управување со веб-страници (креирање и објавување на содржини во WordPress);
  • Обезбедување видливост на донатор и др.

Потребни вештини и квалификации:

  • Комплетирано високо образование;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на работата на МЦМС и граѓанските организации;
  • Одлично познавање на програмите од пакетот на MS Office;
  • Предност е познавање на програми за графички дизајн и видео монтажа;
  • Возачка дозвола: Б категорија;
  • Познавање на административно и канцелариско работење;
  • Познавање процедури за раководење на проекти на странски донатори: УСАИД, ЕУ, СДЦ и др. ќе се смета за предност.

Што нудиме?

  • Работа на проекти и активности кои прават реална промена во животот на другите, на теми како антикорупција, граѓански активизам, граѓанско учество, работа со млади и сл.
  • Динамична средина каде инклузивноста, проактивноста и желбата за иновации е секојдневие
  • Флексибилно работно време во однос на доаѓање и заминување од работа.
  • Професионален развој, учество на обуки, семинари и конференции во МК и странство
  • Можност за работа на проекти со различни партнери (домашни и странски) од јавен, приватен и граѓански сектор.

Кандидатите кои ќе ги исполнат горенаведените критериуми ќе се избираат со претходна проверка на знаењата (тестирање). Одреден број кандидати ќе бидат поканети на интервју.

Кандидатите треба да ги достават следните документи на македонски јазик:

Избраниот кандидат се очекува да почне со работа од 1 мај 2024 година. Работниот однос е на определено време до крајот на годината, со можност за продолжување. Работно време е 40 часа во работна недела, поделено во пет работни дена. Работните часови за полно работно време се 8 часа и тоа со почеток од 7:00 до 9:00 часот наутро и завршување од 15:00 до 17:00 часот, соодветно, секој работен ден.

Работодавач е: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), ул. Никола Парапунов бр. 41а, Скопје.

Конкурсот е отворен до 14 април 2024 г., до кога треба да се достават потребните документи на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување. Рокот за избор може да се промени врз основа на пријавениот број на кандидати. МЦМС го задржува правото да не избере кандидат за позицијата.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Оглас за соработник за односи со јавноста