Нови вештини за односи со јавноста |
E enjte, 16 korrik 2009 13:58 | |||
Од 7 до 10 јули МЦМС ја одржа обуката за односи со јавноста. Дванаесетте учесници имаа можност да дознаат повеќе за односите со јавноста и односите со медиумите, сами да подготват прес соопштение и да организираат прес конференција, да бидат дел од телевизиско и радио интервју, да организираат настани и да направат презентација. На обуката им беше посветено внимание и на новите технологии кои се користат во односите со јавноста како што се социјалните медиуми и пишувањето за веб. Учесниците, претставници на граѓански организации, верски заедници или едноставно индивидуалци кои решиле да си ги подобрат вештините за односи со јавноста се соочија со предизвиците на претставувањето во јавноста, со тремата и стравот од камери, со потребата од концизни и јасни изјави и пишувањето информации на начин што ќе ја заинтересира јавноста. Задоволни од она што можеа да го научат тие изјавија дека ќе ги искористат новите знаења и вештини во сегашните и идните организации каде се или ќе бидат ангажирани. Обуката ја спроведе Гонце Јаковлеска, делот за социјални медиуми Борис Ристовски, а за интервјуата беа задолжени Душко Арсовски, новинар и уредник на вести од Алфа телевизија и Стојан Наумов, поранешен новинар на Канал 77, член на Советот за радиодифузија.
|