Партнерско спроведување на програмата 2007 |
Вторник, 24 јуни 2008 12:58 | |||
Граѓанското општество во регионот е младо, живо и разновидно. По распадот на Југославија и тоталитарниот режим во Албанија, изникнаа десетици илјади организации со цел да одговорат на потребите на редефинираната улогата на државата и другите актери во новонастанатите демократии. Се уште нестабилната, безбедносната и политичка ситуација во некои земји како и лоша економска состојба во многу од нив не дава поволни услови за развој и дејствување на тие организации. Граѓанското општество останува слабо во навремено и ефективно одговарање на потребите на нивните целни групи. Фондовите и капацитетите зависат од донаторите кои се повлекуват од регионот и со тоа ГО имат проблеми во обезбедување на подолгорочната поддршка која би им овозможила ефективно и оддржливо дејствување. Систематскиот развој на граѓанското општество и неговата улога, посебно во однос на јавниот сектор останува приоритетна потреба. Соработката меѓу јавните институции и ГО се базира повеќе на ад-хок отколку на систематските партнерства. Постојат и други проблематични подрачја како неповолната законска рамка, лоши капацитети за соработка со медиумите како битен актер и канал за комуникација со јавноста и нивната поддршка. Вмрежувањето, размената на информации, искуствата, застапувањето и лобирањето како и други видови на меѓу-секторска и преку-гранична соработка се слаби. Во ситуација на намалување на финансиска поддршка ГО меѓусебно се гледаат како конкуренција. Постоечката преку-гранична соработка е ограничена и разделена врз база на исти донатори, методологии и сектори на дејствување. Вмрежувањето со ГО и мрежи надвор од регионот се исто така слаби, посебно со тие во ЕУ земјите (со исклучок на односи со донатори). Постоечките обиди за вмрежување како БНТ мрежата имаат успех во поврзување на ГО за конкретна акција и соработка, со што се потврдува потреба во понатамошната соработка и партнерството во премостување на заеднички проблеми со кои се соочуваат ГО во регионот. Постоечкото вмрежување и партнерствата потврдуваат дека позитивните примери и пракси можат да го зајакнат влијанието на ГО на локално, национално и регионално ниво. Цел на овој проект беше поддршка на координацијата и спроведувањето на проектните активности на партнерските организации од Албанија, Белгија, Словенија и Србија. Целна група беа БНТ членките (АЦСФ, ДА - Албанија, МЦИЦ - Македонија, ПФ, WAD - Бугарија, НИТ, ЕОС - Хрватска, ЕХО - Србија АИДРом, ОАР - Романија, WAWY - Косово, ЦРНВО – Црна Гора) и други релевантни граѓански организации/мрежи. Aктивностите се спроведоа во Брисел (Белгија), Љубљана (Словенија), Нови Сад (Србија), Скопје (Македонија) и Тирана (Албанија). Со проектот се овозможи навремено и успешно реализирање на активности во рамките на проектот “Партнерство во акција – зајакнување на БНТ мрежа”, кој е дел од БНТ програма 2004-7. Проектот се состоеше од четири активности:
|