Повик за ад хок грантови кои ќе ја ублажат кризата од КОВИД-19 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за ад хок грантови кои ќе ја ублажат кризата од КОВИД-19 PDF Печати Е-пошта
Петок, 10 април 2020 14:59

Граѓанските организации кои преземаат итни активности за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 можат да се пријават на повикот за ад хок грантови на Цивика мобилитас.

20200410 cm adh 02 fb 1 1024x538

Овие грантови се наменети да ги поддржат граѓанските организации да одговорат на потребите на граѓаните, со акцент на најранливите, со цел да се минимизираат последиците од пандемијата Ковид-19 и вонредната состојба во земјата.

Предложените акции се очекува да се однесуваат на подобра координација на здруженијата во волонтерските активности; информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции во вонредната состојба; хуманитарна, правна, психолошка помош и безбедносни совети за најзагрозените групи.

Времетраењето на една акција не може да биде подолго од три месеци, а големината на грантот треба да биде помеѓу 50.000 и 100.000 денари. Се очекува на овој повик да се доделат 10 грантови.

Првиот рок за поднесување на пријави е 15 април 2020 година (среда) до 12 часот. Од сите поднесени пријави до тој рок, ќе се изберат проекти до вкупен износ од 500.000 денари од расположливиот буџет.

Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-adh-02/

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Повик за ад хок грантови кои ќе ја ублажат кризата од КОВИД-19