Годишен состанок на управувачка група 2007 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Годишен состанок на управувачка група 2007 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 јуни 2008 12:52

Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БНТ) произлезе од тригодишната соработка (2001-2003) на 13 организации од балканскиот регион, во рамките на Мрежата за градење капацитети (МГК), раководена од МЦМС. БНТ мрежата се формираше од 11 организации членки (со Секретаријат во МЦМС), кои формулираа програма за работа 2004-2007.

Општа цел на програмата БНТ е да ги зголеми индивидуалните и организациски капацитети на релевантните граѓански органзации на Балканот и да ја зајакне нивната соработка во следните заеднички области: ЕУ фондови, лобирање и застапување; мобилизација на ресурси; и стандарди/кодекси за обука и консултанство во Балканскиот контекст.

Целта на овој проектот беше зајакнување на капацитетите на организациите членки на мрежата.

Проектот се состоеше од една активност. Тоа беше состанокот на Управувачката група на мрежата БНТ. Состанокот се оддржа од 15 до 17 јуни на Бриони, Хрватска. Домаќин на состанокот беше партнерската организација ЕОС од Хрватска. Групата беше оформена на почетокот на програмата, со цел членките да дадат свој придонес во управувањето на програмата. Таа има совето-давна улога и дава свои мислења за постигнувањата во минатата година како и предлози за спроведување на идни активности. Принципот на партнерско учество се однесува и на самофинансирање на учеството на состаноците. На состанокот учествуваа 8 претставници на организации-членки од 7 различни партнерски земји. На состанокот беа дискутирани достигнувањата од 2006 година и координацијата на активностите од мрежата за 2007 година. Меѓу најбитните заклучоци на состанок беа: дефинирање на конкретни чекори за идна соработка и вмрежување по завршување на програма БНТ, работењето на мрежата во иднина, и конкретни акции/активности на ЕУ прашања (произлезе инцијтатива за подговотка на извештај за ситуација за улога на граѓанското општество наспроти ЕУ). Записник и сликите од состанокот се објавени на интернет страна на БНТ.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Годишен состанок на управувачка група 2007