Избрани нови 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избрани нови 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Вторник, 30 јуни 2020 15:45

Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа пријава на вториот повик за институционални грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-ИНС-05). Преку финансиската поддршка од овој тип на грантови, здруженијата ќе работат на нивниот институционален развој и организациско јакнење. Тие ќе ги надминат моменталните организациски предизвици и ќе го зголемат својот придонес во општеството.

20200703 INS05

Добитници на институционален грант се 15 организации и тоа:

  • Здружение КОНЕКТ Скопје;
  • Здружение-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје;
  • ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕДНОРОДИТЕЛСКИ СЕМЕЈСТВА ЕДНА МОЖЕ! СКОПЈЕ;
  • Здружение на граѓани за промовирање и заштита на културните и духовните вредности ЛЕГИС Скопје;
  • Здружение Рурална коалиција Куманово;
  • Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје;
  • Здружение за унапредување на земјоделските задруги МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗАДРУГИ Скопје;
  • Здружение за борба против рак БОРКА – ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН Скопје;
  • Здружение за поддршка и помош на социјално исклучените и сиромашни лица ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ Скопје;
  • Здружение на граѓани за локален и рурален развој, Тетово;
  • Здружение Специјална Олимпијада – Македонија Скопје;
  • Кризен центар „НАДЕЖ“ – Скопје;
  • Совет за превентива против малолетничка деликвенција Кавадарци;
  • Здружение за култура и развој на креативни индустрии КУЛТ-ТРАНЗЕН;
  • Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“.

Новите грантисти дејствуваат во 10 различни сектори и тоа најмногу во секторот на човекови права; но и во секторите за здравје и здравствена заштита; земјоделство и рурален развој; развој на граѓанското општество; владеење на правото; родови прашања; информации, комуникации и медиуми; култура; лица со посебни потреби и сиромаштија. Новите грантисти во главно делуваат на национално ниво.

На повикот што беше отворен до 1 јуни 2020 г. беа поднесени 114 пријави за институционални грантови.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Избрани нови 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас