Усвоени новите стратешки цели на ГПМ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Усвоени новите стратешки цели на ГПМ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 јуни 2009 13:06

Советот на Граѓанската платформа на Македонија на 29.05.2009 година во просториите на МЦМС ја одржа својата седма седница. На состанокот беше разгледан и усвоен извештајот од спроведувањето на претходната програма на Платформата, беа извлечени научени лекции кои треба да бидат земени во предвид при планирањето на следната програма.

Усвоени новите стратешки цели на ГПМ

Членовите на Советот расправаа за стратешките цели на ГПМ. Членките ги изнесоа своите видувања за улогата на ГПМ во општеството. На седницата беа усвоени четири стратешки цели кои се понатаму разработени во стратешки насоки. Целите беа подготвувани претходно во процес кој започна во март на стратешка работилница одржана во Охрид. Посебна работна група ги формулираше целите и ги предложи до Комитетот на ГПМ. Со дополнувањата предложени на седницата на Советот усвоени се следните стратешки цели:

  • Зголемување на влијанието на граѓанскиот сектор врз политиките
  • Зголемување на влијанието врз политиките на државата кои се однесуваат  на граѓанското општество
  • Создавање поволни услови за олеснет пристап до домашни ресурси и меѓународни и домашни фондови
  • Подобрување на ефикасноста и функционалноста на ГПМ и нејзините членки

Советот го задолжи Комитетот да го започне процесот на подготовка на нова програма на ГПМ која ќе се базира на новите стратешки цели.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Усвоени новите стратешки цели на ГПМ