МЦМС ја промовира публикацијата „Лобирање во локалната самоуправа“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ја промовира публикацијата „Лобирање во локалната самоуправа“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 29 мај 2009 14:26

Македонскиот центар за меѓународна соработка, на 28 мај 2009 година, во Скопје, ја промовира книгата „Лобирање во локалната самоуправа“ од авторот м-р Марјан Танушевски.

МЦМС ја промовира публикацијата „Лобирање во локалната самоуправа“

Целта на авторот била да го проучи знаењето и користа од/на лобирањето во контекст на процесот на децентрализацијата и зголемените надлежности на локалната самоуправа. Книгата ги разработува основните современи теоретски концепти и научни гледишта врзани за дефинирање на лобирањето, во контекст на процесот на односите со јавноста.

„Книгата е пионерски потфат во науката во доменот на лобирањето воопшто, а особено во локалната самоуправа. Книгата има за цел да започне процеси на менување на свеста на сите субјекти и учесници во дејноста на локалната самоуправа“, рече д-р Константин Петковски, еден од рецензентите на публикацијата.

Лобирањето како фактор на зголемување на ефикасноста на локалната самоуправаАвторот на публикацијата Марјан Танушевски истакна дека децентрализацијата не е единствена гаранција за ефикасна локална самоуправа. Според него, постојат многу фактори кои влијаат врз тој процес, а еден од клучните е човечкиот фактор кој треба да поседува капацитети меѓу кои е и вештината на лобирање. Тој посочи дека во книгата се поместени и резултати од истражување на теренот во кое на покана до сите 85 градоначалници во земјата се одѕвале 71.

Публикацијата е подржана од МЦМС и ќе биде дистрибуирана до сите општини во Република Македонија.

Лобирањето како фактор на зголемување на ефикасноста на локалната самоуправа

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС ја промовира публикацијата „Лобирање во локалната самоуправа“