МЦМС ја поддржа Косовската агенција за застапување и развој - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ја поддржа Косовската агенција за застапување и развој PDF Печати Е-пошта
Вторник, 05 мај 2009 15:28

Во месец март и април оваа година МЦМС ја поддржа младата локална организација од Косово - Косовска агенција за застапување и развој (КААД).  Поддршката се состоеше од скроена 3-дневна обука и последователна експертска поддршка за подготовка конкретен предлог проект.

МЦМС ја поддржа Косовската агенција за застапување и развој

Обуката се одржа од 31 март до 2 април, 2009 во Скопје. На обуката учествуваа 9 претставници на организацијата. Фокусот беше на ЕУ финансирање и пристап на Логичка рамка како основа за подготовка на предлог проект. Главен продукт од обуката беше Логичката рамка за проект на тема зајакнување на учеството на малцинствата на Косово во процесот на одлучување на локално ниво.  Обуката беше спроведена на англиски јазик од Тања Хафнер Адеми и  Фатмир Битиќи.

Албертина Бинаку, извршната директорка, го изрази задоволството од наученото: “Обуката резултираше со поголемо знаење за развојот на проекти и тоа ќе биде директно употребено во подготовката на предлог проект за повикот на ЕИДХР. Со оваа обука, тимот обучувачи од МЦМС покажа одлучност во менторскиот пристап и пренос на знаењето на учесниците.”

Во текот на април на учесниците им беше дадена дополнителна индивидуална експертска поддршка во понатамошна подготовка на Логичката рамка за проектот и разработка на предлог проект. Организацијата доби и поддршка за подготовка на техничка документација преку практична обука спроведена од страна на Даниела Стојанова. Поддршката заврши со поднесување предлог проект на отворениот повик до Канцеларијата за врски на Европска Комисија во Приштина (ЕЦЛО).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС ја поддржа Косовската агенција за застапување и развој