Одржлив развој и глобална правда – концепти и стратегии на граѓанското општество |
Четврток, 30 април 2009 10:40 | |||
Одржливиот развој и глобалната правда беа прашањата расправани на меѓународната конференција во Берлин што се одржа од 27 до 29 април 2009 година. Конференцијата ги собра претставниците на граѓанското општество, црквите и политиката од Германија и 20-на други земји во расправа за потребните структурни реформи за надминување на глобалните финансиски, економски и еколошки кризи. На конференцијата учествуваше и Сашо Клековски, МЦМС. Основа за расправата беше извештајот „Германија одржлива во иднината“, објавен во октомври 2008 г. Извештајот покажува факти и примери и поканува на расправа - како земјите можат креативно да ги надминат предизвиците на глобализацијата и како политиките и општеството можат да станат одржливи. Главни теми на конференцијата беа како да се употреби сегашната глобална криза за промени и трансформација, кои алтернативи постојат во сегашниот главен концепт за раст, кои чекори се важни за структурни промени на нашите општества, што може да се научи од постоечките примери и која треба да биде улогата на граѓанското општество.
|