Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност PDF Печати Е-пошта
Сабота, 11 април 2020 10:26

На јавниот повик за доделување на грантови за транспарентност на граѓански организации (референтен бр. 11-26/1-2020), пристигнаа 67 пријави од сите плански региони во земјата.

20200415 DFG Grantisti

Најголем дел од организациите кои доставиле пријава се регистрирани во Скопскиот регион (25), потоа во Пелагонискиот (9), Источниот (8), Југоисточниот (7), Полошкиот и Североисточниот (по 5), а најмалку апликации пристигнаа од Вардарскиот регион (4).

Во моментов се врши административна проверка на пријавите и проверка за подобност, по што, за сите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе биде направена оценка. МЦМС ќе додели најмалку седум грантови со кои здруженијата ќе можат да си ги подобрат организациските практики за транспарентно работење. 

Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унијa.

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност