Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 11 prill 2020 10:26

На јавниот повик за доделување на грантови за транспарентност на граѓански организации (референтен бр. 11-26/1-2020), пристигнаа 67 пријави од сите плански региони во земјата.

20200415 DFG Grantisti

Најголем дел од организациите кои доставиле пријава се регистрирани во Скопскиот регион (25), потоа во Пелагонискиот (9), Источниот (8), Југоисточниот (7), Полошкиот и Североисточниот (по 5), а најмалку апликации пристигнаа од Вардарскиот регион (4).

Во моментов се врши административна проверка на пријавите и проверка за подобност, по што, за сите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе биде направена оценка. МЦМС ќе додели најмалку седум грантови со кои здруженијата ќе можат да си ги подобрат организациските практики за транспарентно работење. 

Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унијa.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност