Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност PDF Print E-mail
Saturday, 11 April 2020 10:26

На јавниот повик за доделување на грантови за транспарентност на граѓански организации (референтен бр. 11-26/1-2020), пристигнаа 67 пријави од сите плански региони во земјата.

20200415 DFG Grantisti

Најголем дел од организациите кои доставиле пријава се регистрирани во Скопскиот регион (25), потоа во Пелагонискиот (9), Источниот (8), Југоисточниот (7), Полошкиот и Североисточниот (по 5), а најмалку апликации пристигнаа од Вардарскиот регион (4).

Во моментов се врши административна проверка на пријавите и проверка за подобност, по што, за сите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе биде направена оценка. МЦМС ќе додели најмалку седум грантови со кои здруженијата ќе можат да си ги подобрат организациските практики за транспарентно работење. 

Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унијa.

 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Поднесени се 67 пријави на повикот за грантови за транспарентност