Граѓанските новинари се дел од промената која ја посакуваат во општеството - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските новинари се дел од промената која ја посакуваат во општеството PDF Печати Е-пошта
Петок, 27 април 2018 16:09

„Фотографиите и сториите кои ги гледате околу вас служат да ги означат проблемите кои не биле покриени од страна на медиумите. Тие се комплементарни на работата на професионалните новинари, и заедно можат да придонесат кон комплетно медиумско опкружување“, рече Едвард Гонзалес, директор за општ развој на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, на денешната промоција на публикацијата Аргументи и доделувањето награди за граѓанско новинарство што ја организираа МЦМС и Телевизија Телма.

Gragjanskite novinari se del od promenata koja ja posakuvaat vo opshtestvoto 1

По поздравниот говор, Атанас Кировски, директор и главен уредник на Телевизија Телма, проговори за проектот Топ Тема на ваша страна и неговата мисија да донесе аргументирана јавната дебата во македонскиот медиумски простор и истиот да се надгради со нови креативни елементи и содржини. „Низ нашето студио поминаа дузина претставници на невладиниот сектор. Тоа создаде една значајна синергија и додадена вредност, која имаше и директен импакт врз носењето на одредени одлуки на креаторите на владините или државни политики, бидејќи ги соочивме со неизбежниот факт и фактор – гласот на јавноста и граѓанството“, рече тој.

За публикацијата Аргументи во која се содржани сите досегашни истражувања во рамки на проектот „Топ тема на ваша страна“ говореше Гонце Јаковлеска, извршен директор на МЦМС и еден од авторите на публикацијата. „Истражувањата ги додадовме во проектот за да покажеме дека перцепциите на граѓаните не треба да се земаат произволно, туку треба да бидат проверени. Сите осум истражувања се правени со телефонска анкета, на репрезентативен примерок и тие се добра основа не само за дебати туку и за стратешки планирања на институциите. Верувам дека со нив придонесуваме за аргументирана јавна дебата која му е многу потребна на македонското општество.“

Gragjanskite novinari se del od promenata koja ja posakuvaat vo opshtestvoto 2

Во вториот дел на настанот беа доделени награди за најдобрите граѓански новинари од двата изминати конкурси. Преку нивните стории, фотографии и видеа, граѓаните имаа можност да ги актуелизираат проблемите кои непосредно ги засегаат. Како што тоа го кажа Марина Тошеска, една од наградените: „Ние како граѓански новинари не сме тука само да критикуваме што не е добро во нашето општество, туку и самите да бидеме дел од промената која ја посакуваме.“

Наградените од првиот и вториот конкурс се веќе познати, а наскоро ќе бидат споделени и нивните дела.

Настанот беше дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ што го спроведуваат Телевизија Телма и МЦМС, а финансиски е поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД). 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓанските новинари се дел од промената која ја посакуваат во општеството