Предизвици при спроведување на Законот за здруженија и фондации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Предизвици при спроведување на Законот за здруженија и фондации PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 јули 2013 15:04

МЦМС во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) од Будимпешта, на 9 јули 2013 г. (вторник) одржа консултативен настан на тема: Предизвици при спроведувањето на Законот за здруженија и фондации на кој учествуваа претставници на органите на државна управа и на граѓанските организации.

predizvici-pri-sproveduvanje-na-zakonot-za-zdruzhenija-i-fondacii-1

Претставниците на органите на државна управа кои најдиректно се вклучени во спроведувањето на законот дискутираа за искуството од досегашното спроведување на законот, ги споделија согледувањата за можностите и примената на економски активности од страна на граѓанските организации, предизвиците во процесот на регистрација/пререгистрација, досегашното искуство со концептот на статус на јавен интерес и подготвените предлог-измени и дополнувања во даночните закони.

predizvici-pri-sproveduvanje-na-zakonot-za-zdruzhenija-i-fondacii-2

Претставниците на граѓанскиот сектор ги споделија своите искуства во изнаоѓање заеднички решенија и препораки. Во дискусијата особено внимание се посвети на информираноста на засегнатите страни за постапката за регистрација на граѓанска организација, како и за низа други поврзани прашања на односите меѓу Централниот регистар на Македонија и граѓанските организации. Исто така, беа согледани можностите за заживување на концептот на статус на организација од јавен интерес и дополнително неговата поврзаност со поволна даночна околина како важен елемент во одржливоста на граѓанските организации. Дискутираните прашања на средбата и предлог мерките за акција произлезени по дискусијата се во насока на поддршка на спроведувањето на Акцискиот план од Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор.

Настанот претставува продолжување на претходните напори на МЦМС и ЕЦНЛ за олеснета примена на ЗЗФ, организиран како дел од проектот „Овозможувачка правна рамка” поддржан од ЕЦНЛ и Американската агенција за развој (УСАИД). Целта на проектот е придонес кон ефективно спроведување на Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) и подобрена даночна околина за граѓанските организации.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Предизвици при спроведување на Законот за здруженија и фондации