Дискусии за предлог-измените кај четири даночни закони - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дискусии за предлог-измените кај четири даночни закони PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 јули 2013 14:47

На 8 јули 2013 г. се одржа консултативен состанок со фокус група за подготвените предлог-измени на даночните закони во одредбите кои се однесуваат на граѓанските организации. Настанот беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ).

diskusii-za-predlog-izmenite-kaj-chetiri-danochni-zakoni-1

Претставниците на граѓанските организации кои ја сочинуваа фокус групата дискутираа и ги споделија своите ставови и мислења по однос на предлог-измените во четири даночни закони: Закон за персонален данок на доход,  Закон за данокот на добивка, Закон за даноците на имот и Законот за данокот на додадена вредност, во одредбите кои се однесуваат на граѓанските организации претходно подготвени од група експерти од Центарот за даночна политика.

Групата во најголема мера за задржа на Закон за персонален данок на доход и Закон за данокот на добивка каде одредбите не доволно ја подржуваат одржливоста на граѓанското општество. Се дискутираше и потребата од создавање посебни даночни потикнувања за граѓанските организациите кои во иднина би имале интерес да добијат статус од јавен интерес.

diskusii-za-predlog-izmenite-kaj-chetiri-danochni-zakoni-2

Настанот е продолжение на напорите на МЦМС и ЕЦНЛ од минатата година за создавање поволно даночно опкружување, при што беа спроведени консултации со граѓански организации за потребите од измена на постоечката даночната регулатива, а беше подготвена и анализата „Даночното опкружување на граѓанските организации во Македонија“, која послужи како основа за подготовката на овие предлог-измени.

Во следниот период ќе продолжат консултациите за предлог-измените во даночната регулатива со поширока консултација со граѓански организации во Скопје.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дискусии за предлог-измените кај четири даночни закони