Запознавање на државните службеници со Законот за здруженија и фондации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Запознавање на државните службеници со Законот за здруженија и фондации PDF Печати Е-пошта
Четврток, 23 јуни 2011 07:55

МЦМС на 18 и 19 мај 2011 г. во Маврово одржа обука за спроведување на Законот за здруженија и фондации. На обуката учествуваа 16 службеници на државната управа – претставници на министерствата, Одделението за соработка со НВО и општините.

zapoznavanje-na-drzavnite-sluzbenici-so-zzf

Учесниците се стекнаа со знаења од областа на слободата на здружување согласно меѓународните акти, потоа општата законска и судска рамка во Македонија. Поголем дел од обуката беше посветен на детална презентација, расправа и работа во групи за Законот. Тие беа информирани и за новините предвидени во законот што се од суштинско значење за остварувањето на слободата на здружување. Исто така беа презентирани и можностите за одржливост на граѓанскиот сектор кој ги нуди овој Закон. Државните службеници беа запознаени и со активностите кои што во иднина може да произлезат како обврска за министерствата и другите органи на државната управа.

zapoznavanje-na-drzavnite-sluzbenici-so-zzf-1

На крајот учесниците беа запознаени со состојбата на граѓанското општество во Македонија преку презентација и расправа на наодите, заклучоците и препораките од Цивикус – Индексот на граѓанското општество во Македонија.

Обуката ја испорача Емина Нурединоска.

zapoznavanje-na-drzavnite-sluzbenici-so-zzf-2

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Запознавање на државните службеници со Законот за здруженија и фондации