Запознавање на државните службеници со Законот за здруженија и фондации |
Thursday, 23 June 2011 07:55 | |||
МЦМС на 18 и 19 мај 2011 г. во Маврово одржа обука за спроведување на Законот за здруженија и фондации. На обуката учествуваа 16 службеници на државната управа – претставници на министерствата, Одделението за соработка со НВО и општините. Учесниците се стекнаа со знаења од областа на слободата на здружување согласно меѓународните акти, потоа општата законска и судска рамка во Македонија. Поголем дел од обуката беше посветен на детална презентација, расправа и работа во групи за Законот. Тие беа информирани и за новините предвидени во законот што се од суштинско значење за остварувањето на слободата на здружување. Исто така беа презентирани и можностите за одржливост на граѓанскиот сектор кој ги нуди овој Закон. Државните службеници беа запознаени и со активностите кои што во иднина може да произлезат како обврска за министерствата и другите органи на државната управа. На крајот учесниците беа запознаени со состојбата на граѓанското општество во Македонија преку презентација и расправа на наодите, заклучоците и препораките од Цивикус – Индексот на граѓанското општество во Македонија. Обуката ја испорача Емина Нурединоска.
|