Вечер: Отворена Црковно народна кујна - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вечер: Отворена Црковно народна кујна PDF Печати Е-пошта
Петок, 23 ноември 2007 01:00

Вчера во Велес беше отворена црковно-народна кујна. Со донација на Епархијата повардарска, МЦМС и Општината Велес, дневен топол оброк ќе добиваат од 150 до 180 сиромашни граѓани.

2c07e446cfaeea47925756de66de60e7

За изградбата и просторното уредување се вложени пет милиони денари. Два милиони и 200 илајади денари донираше МЦМС, Општината Велес 700 илјади денари, а останатите средства ги обезбеди Епархијата Повардарска. Опремата за подготвувањето на храната е подарена од училишните кујни од осумгодишните училишта во селата Иванковци и Сујаклари, додека масите и столовите ги обезбеди Епархијата. Првата црковно- народна кујна ќе се финансира преку донации од граѓаните, претпријатијата и установите. Волонтери на фондацијата "Фокус" секојдневно на тешко болните и неподвижни граѓани оброк ќе им носат во нивниот дом.

(С.А.)

Извор: Вечер (23.ноември.2007)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Вечер: Отворена Црковно народна кујна