Вечер: ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ПОД МОНИТОРИНГ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вечер: ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ПОД МОНИТОРИНГ PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 јуни 2008 01:00

Шест месеци по Спогодбата за визни олеснувања за одредени категории граѓани кои сакаат да добијат шенген визи, Македонскиот центар за меѓународна соработка започна истражување со цел да се види колку граѓаните реално ги чувствуваат бенефитите од овој договор.

"Европската унија проценува дека 80 проценти од граѓаните ќе ги почувствуваат погодностите од договорот за визно олесување меѓу Македонија и Унијата. Досега главно Унијата оценува дали ние ги спроведуваме стандардите, овој пат ние ќе оценуваме дали таа преку дипломатско-конзуларните претставништва надлежни за издавање визи го почитува договорот", изјави Александар Кржаловски заменик директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Тој информираше дека наредните две недели ќе се анкетираат граѓаните кои бараат визи од шест амбасади или амбасадата на Грција, Франција, Словенија, Австрија, Германија и Италија. Во истражувањето се вклучени овие амбасади бидејќи бројките покажуваат дека македонските граѓани најмногу аплицираат за визи токму во овие дипломатско-конзуларни претставништва. Од ова истражување се очекува целосна слика за спроведување на визното олеснување.

Според нив поплаките од поединечни граѓани тешко може да стигнат на вистнското место и да се слушне нивниот глас, со резултати од вакво истражување добро е да се лобира како кај надлежните од земјата, така и кај оние од Унијата за целосно спроведување на договорот, оценуваат од МЦМС.

Првичните резултати за спроведување на договорот за визно олеснување од МЦМС ги најавија за крајот на овој месец, а целосен за во септември.

Во него ќе бидат наведени слабостите, но и предностите од овој договор, а ќе бидат дадени и препораки за подобро спроведување на договорот.

Ќе следат извештаи и од земјите во регионот Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Со тоа пак ќе се добие слика кои амбасади од кои земји се придржуваат помалку, а кои повеќе до договорите за визна либерализација.

Инфо линија за визи
Граѓаните своите коментари, забелешки и пофалби за тоа како стигнале до виза ќе може да испраќаат на е-меил адреса( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ) или на телефонски број 02 3065 381. Граѓаните ќе можат да се обратат до МЦМС и да прашаат за нивните права во врска со договорот за олеснување на визниот режим.

(С.Д.)

Извор: Вечер (11.јуни.2008)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Вечер: ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ПОД МОНИТОРИНГ