Утрински весник: Oтворен шестиот саем на невладини организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Oтворен шестиот саем на невладини организации PDF Печати Е-пошта
Сабота, 17 ноември 2007 01:00

Под мотото „Различни а еднакви“ вчера беше отворен шестиот НВО-саем, на кој учествуваат околу 130 невладини организации и здруженија на граѓани. Темата на овој саем е „Еднакви можности за сите“, чија цел е да се информира јавноста со активностите на граѓанскиот сектор, да се зголеми соработката меѓу НВО-секторот и да се поттикнува дијалог.

ce9230bd5ee18447b164358062c3100f

„Темата на овој саем не' поврзува со европската година за еднакви можности, а мотото не' потсетува дека различноста не треба да биде пречка во нашето секојдневје, туку напротив, дека таа треба да се јакне“, истакна на отворањето на саемот Сашо Клековски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

„Во матрицата на едно современо општество, власта и невладиниот сектор се партнери. Затоа системските реформи во Македонија во целост треба да ги корпорираат и иницијативите на граѓанскиот сектор“, истакна во своето обраќање претседателот Бранко Црвенковски. Според еврокомесарот Ерван Фуере, овој саем е пример за дијалог, хармонија и партнерство и подвлече дека ваквиот начин на работење треба да биде пример за секого од пратениците во Собранието на

Македонија. (Св.У.)
Извор: Утрински весник (17.ноември.2007)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Oтворен шестиот саем на невладини организации