А1: МЦМС: Сите големи партии имаат слични шанси на избори |
Вторник, 05 Февруари 2008 01:00 | |||
Сите партии од големата четворка во Македонија имаат подеднакво слични шанси за победа, доколку утре би се одржале избори. Вака вели последната анкета реализирана од невладината МЦМС во соработка со Институтот за социолошко-политички истражувања. Анкета на МЦМС
Според резултатите, владината ВМРО-ДПМНЕ со 19,3% е во блага предност пред опозиционата СДСМ, со која се поистоветуваат 13,2% од анкетираните граѓани. Кај албанските партии, пак, разликата е уште помала. ДУИ има рејтинг од 7%, додека владината ДПА 6,3%. Македонските партии со различен коментар. „Анкетата на МЦМС е индикативна, три прашањата се индикативни и знаеме дека МЦМС е блиска на СДСМ и не не изненадува она што го извадија како податок“, изјави Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ. Анкета на ИРИ
„Што се однесува до легитимноста на оваа анкета која ја оспорува ВМРО-ДПМНЕ, сакам да ви дадам еден пример, доскорешниот директор на американскиот републикански институт ИРИ, Андреј Лепавцев е советник на премиерот Груевски, СДСМ во ниту еден момент не оспори ниту една анкета на ИРИ“, рече Емилијан Станковиќ, СДСМ. Резултатите од анкетата на МЦМС се сосема различни со последната анкета на ИРИ, која исто така беше реализирана кон крајот на минатата година. Разлика има и во бројот на репрезентативниот примерок. Анкетата на ИРИ беше спроведена врз 1.100 лица, додека оваа на МЦМС врз 1.600 испитаници. Извор: А1 (05.02.2008)
|