Поддржани седум проекти за застапување на локални иницијативи |
Четврток, 13 Февруари 2020 14:56 | |||
Седум граѓански организации со грантова поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар, во следните 6 месеци, ќе работат на застапување на младински и родови иницијативи, подобрување на состојбите на ромската заедница, подигнување на свеста на населението за екологијата како и создавање на одржлив систем за донирање на вишок храна. Преку истражувачки активности, директни средби со локалната самоуправа, вклучување на граѓаните и локалните организации, грантистите ќе работат на подобрување на состојбите на нивните целни групи во општините Струмица, Гостивар, Новаци, Скопје, Кочани, Велес, Чашка и Свети Николе (село Амзабегово, Кадрифаково и Горобинци). Листа на грантисти:
Вкупниот фонд за оваа намена е 1 224 883 денари.
|