Јавно финансирање на граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавно финансирање на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Основите за слободно дејствување на граѓанските организации се утврдени со Уставот на Република Македонија и специфично за здруженијата на граѓани и фондациите со Законот за здруженија на граѓани и фондации. Со овој Закон се поттикнува развојот на граѓанскиот сектор, се уредуваат начинот, постапката и условите за нивно основање, регистрација, работење и престанок. Во моментов се подготвува нов закон за здруженија и фондации. Сепак паралелно со подготовката на новиот закон неопходни се промени и во начинот на директната финансиската поддршка на организациите од страна на државата за да се зголеми одржливоста на граѓанските организации заснована на домашен систем на поддршка.

Општа цел на проектот е придонес кон подобрена правна рамка и зголемена финансиска одржливост на граѓанските организации во Република Македонија. Цел на проектот е подобрување на јавното финансирање на граѓанските организации.  
Целна група се граѓанските организации и Одделението за соработка со невладини организации. Целното подрачје е Република Македонија.

Постигнати резултати со проектот се: подготвена алатка за лобирање кај властите за потребата од промени во системот на финансиска поддршка на граѓанските организации од страна на државата и за јакнење на свест кај граѓанските организации и властите.

Следните активности беа преземени со проектот:

а) Анализа на јавното финансирање на граѓанските организации во Македонија: Анализата опфати преглед на јавното финансирање на граѓанските организации во Македонија и дава препораки за подобрување на досегашниот систем.

б) Компаративна анализа на јавното финансирање во Централна и Источна Европа (ЦИЕ): Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) има подготвено анализа која се однесува на механизмите на соработка на државите со граѓанските организации во неколку земји во Европа, со посебен осврт на јавното финансирање. Насловот на анализата е „Правни и институционални механизми за соработка на граѓанските организации и владите во Хрватска, во Естонија и Во Унгарија“.

в) Публикација и дебата „Јавното финансирање во Македонија“: Публикацијата ги содржи анализите на јавното финансирање во Македонија и анализата која што ја подготви ЕЦНЛ, како и мерки за подобрување на директната финансиска поддршка на граѓанските организации. Истата е промовирана на заедничка дебата со Извештајот за прогресот на спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор.

 

Извршно резиме од проектот.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми