Институционален развој на граѓанското општество 2006-2008 |
Општа цел на програмата беше развој на ефективно граѓанско општество кое ги адресира приоритетните општествени предизвици и кое иницира и постигнува промени во општеството. Целта на програмата беше да се креира овозможувачка околина и поддршка за понатамошен развој на граѓанското општество и да се подобрат резултатите на актерите на граѓанското општество во Македонија. Иако има индикатори за одреден напредок во однос на остварувањето на целта на програмата, детална оценка за нејзиното остварување, како и оценка за постигнување на општата цел ќе може да се добие по спроведувањето на истражувањето на Индексот на граѓанското општество во Македонија во 2009-2010 година. Резултатите остварени со програмата се:
Програмата опфати повеќе различни типови на активности: информации, истражувања, застапување и лобирање, обуки и консултации и вмрежување. Во рамките на компонентата за информирање и јакнење на свеста беа спроведени следните активности: месечни изданија на списанието и веб страницата „Граѓански свет“, истражувачки публикации, две изданија на позитивни примери од граѓанското општество, водич за волонтерство, НВО Саем и пет регионални саеми, осум тематски форуми и истражување за довербата во граѓанските организации. Во делот од програмата за подобрување на правната и фискалната рамка и локална мобилизација на ресурси беа спроведени следните активности: регионална конференција за правната и фискалната рамка, извештај за спроведувањето на стратегијата на Владата за соработка со граѓанскиот сектор, водич за ЗДСЈД и обуки на истата тема, брошура со преглед на даночните одредби за ГО и дебати на истата тема, публикација за концептот на ГО како испорачувачи на услуги, средби за промоција на соработката со бизнис секторот, истражување за соработката со ЕЛС, работилници за застапување и лобирање, прирачник за организации од јавен интерес и прирачник за економски активности на ГО. Компонентата за вмрежување и партнерство меѓу ГО ја сочинуваа следните активности: координација на ГПМ од страна на нејзиниот Секретаријат (ЦГИ), веб страна и електронски билтен на ГПМ, истражување за мрежи, коалиции и чадорски организации и градење на капацитетите на членките на ГПМ за соработка и партнерство преку обука. Делот од програмата за практики, принципи и стандарди за добро владеење, отчетност, транспарентност и саморегулација опфати: студија за транспарентност, отчетност и демократија во ГО, заедничко публикување на годишни извештаи на повеќе организации - Заедно за транспарентност, компаративна анализа на етички кодекси, прирачник и обука за добро владеење, раководење и финансиско раководење и прирачник за административно - финансиско работење на ГО. Во првите две години програмата ја опфати програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) и се спроведе преку проектот „Поддршка на национален форум/платформа на граѓанското општество“, кој беше финансиран од Европската унија преку Европската агенција за реконструкција. Проектот со одлука на Комитетот на ГПМ беше раководен и спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со 8 организации членки на ГПМ. Покрај МЦМС, како координатори на групи од активности се јавија и: Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ); Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за стратегиски истражувања и документирање „Форум“. Активностите ги спроведуваа МЦМС, членките на ГПМ и други ГО. Средствата за спроведување на оваа програмата беа обезбедени од Европската агенција за реконструкција (ЕАР), Данската црковна помош (ДЦА), Евангелската црковна помош (ЕЕД) и други донатори. Дел од програмските трошоци беа обезбедени од партнерите од ГПМ и од членарина во ГПМ. Вкупните трошоци за програмата изнесуваат 44.066.665,6 МКД, а учеството на МЦМС изнесува 42.761.616 МКД или 97 %.
Завршени проекти:
|