Општествена одговорност на граѓаните - 2009 |
Автори: Сашо Клековски, Александар Кржаловски, Сунчица Саздовска, Гонце Јаковлеска, Миодраг Колиќ и Даниела Стојанова Извештајот „Општествената одговорност на граѓаните“ доаѓа како резултат на потребата да се провери одговорноста на граѓаните во поширока смисла. Прашањето за чувство на припадност најпрво кон државата или кон друга (етничка) група е показател на развојот на општествената и на политичката култура. Мнозинството граѓани (61,1 %) најпрво се чувствуваат како македонски државјани/граѓани. Мнозинство од граѓаните (51,9 %) сè уште ја доживуваат државата како најодговорна во решавањето на општествените потреби. Високите очекувања кон државата, со пониски очекувања од самите граѓани (6,9 %) и скоро отсуство на очекувања од деловниот сектор (1,6 %), оди во прилог на етатистичката култура, како остаток на државниот социјализам, односно мала јавна поддршка на устројување на Македонија како либерално-демократски уставен систем. Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 49,3 % од 39,3 % во 2007 г. и од 26,4 % во 2004 г. Мнозинство граѓани (64,3%) сметаат дека нов развој, вработување и оспособување на граѓаните се решение за проблемите. Зголемени се и јазовите меѓу изјавите за граѓанска одговорност и реалноста, освен во делот на јавниот дух. Во просек, параметрите за граѓанска одговорност се зголемени за 15 процентни поени (од 51,1 % на 66,2 %), додека во конкретните показатели за истите работи за околу 10 процентни поени (од 37,8 % на 48,1 %). Само еден од пет граѓани чувствува одговорност за зачувување на животната средина. Од друга страна поддршката за мерките за заштита на животната средина е висока. Граѓаните најчесто се дружат со членовите на потесното/поширокото семејство и пријателите. Една четвртина од граѓаните воопшто не се дружат со своите колеги од работа или истата струка надвор од работното време, а повеќе од половината воопшто не посетуваат организирани форми на дружење (спортски клубови и сл.). Половина од граѓаните ги посетуваат црквите, џамиите и другите верски храмови неколку пати во годината. Во 2009 г. се јавува зголемување на учеството во непартиските политички активности (протести, демонстрации, петиции, бојкоти и сл.) на граѓаните. Исто така има и релативно голем потенцијал (околу 30 %) за зголемен активизам на граѓаните (оние кои не учествувале досега, но би го направиле тоа). Интересот за доброволна (волонтерска) активност во заедниците е мал, а не постои и континуитет во волонтерските активности. Граѓаните немаат изградени навики и свест за да направат нешто повеќе (вон семејството и лично за себе) за заедницата и за Вклученоста на граѓаните во граѓанските организации е мала (24 % се членови) и нема битно поместување во однос на претходните истражувања. Членувањето и во другите форми на здружување во граѓанското општество (цркви и верски заедници и синдикати) е слично, додека членството во политичките партии е доста повисоко и изнесува 41,6 %. Бројот на луѓето што даруваат пораснал од 64,6 % минатата, на 70,9 % оваа година. Главниот мотив за дарување е солидарноста, а првиот приоритет за дарување е социјалната грижа или хуманитарните цели. Оваа година општинското и националното ниво се повисоко на листата на приоритетни нивоа за дарување. Граѓаните најчесто даруваат пари, а вообичаената сума е од 100 до 500 денари. Најмногу сакаат да даруваат директно и на рака. Најчестите причини за одбегнувањето на посредниците се желбата да се види кому му се дава помошта (39,5 %) и потребата да се избегне злоупотреба (27,6 %). Најголем број граѓани (32,5 %) за добротворните акции се информираат директно од корисниците, а
|