Граѓаните не се за предвремени избори - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните не се за предвремени избори PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 јануари 2011 16:12

Вовед

МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, како доверба, општествени вредности и општествена одговорност на граѓаните, и за актуелни прашања, како што се ставовите на граѓаните за предвремени избори.

Методологија

Прашањето е поставено во рамките нa теренска анкета - лице во лице, во домаќинствата во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.

Теренската анкетата за МЦМС ја спроведе Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ).

Предвремени избори

Еден од два граѓани е против предвремени избори, а еден од три граѓани е за предвремени избори, односно против се 49,7 %, а за 36,3 %.

П1. Дали сте за предвремени избори?

Дали сте за предвремени избори?

Искажаниот став за предвремените избори е сличен за граѓаните по основа на пол, возраст, работен и социјален (класен) статус, степен на образование и место на живеење. Разлики се јавуваат по основ на етничка определеност и на симпатизери на политички партии, како и по региони.

Етничките Македонци се 52,9 % против предвремени избори, а 32,5 % се за. Меѓу етничките Албанци односот е изедначен, 44,4 % се против, а 45,9 % се за предвремени избори.

Табела 1. Споредба на ставовите на етничките Македонци и на етничките Албанци

Споредба на ставовите на етничките Македонци и на етничките Албанци

Против предвремени избори се симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а за предвремени избори се симпатизерите на СДСМ и ДПА. Против предвремени избори се и граѓаните кои не се симпатизери на ниедна партија.

Табела 2. Споредба на ставовите на симпатизерите на политичките партии

Споредба на ставовите на симпатизерите на политичките партии

Најмала поддршка за предвремени избори има во југоисточниот регион (20,2 %), а најголема во полошкиот (46,7 %). Во скопскиот регион 51 % од граѓаните се против предвремени избори.

Табела 3. Споредба на ставовите по региони

Споредба на ставовите по региони

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните не се за предвремени избори