Граѓаните не се за предвремени избори |
Thursday, 13 January 2011 16:12 | |||
ВоведМЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, како доверба, општествени вредности и општествена одговорност на граѓаните, и за актуелни прашања, како што се ставовите на граѓаните за предвремени избори. МетодологијаПрашањето е поставено во рамките нa теренска анкета - лице во лице, во домаќинствата во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Теренската анкетата за МЦМС ја спроведе Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ). Предвремени избориЕден од два граѓани е против предвремени избори, а еден од три граѓани е за предвремени избори, односно против се 49,7 %, а за 36,3 %. П1. Дали сте за предвремени избори? Искажаниот став за предвремените избори е сличен за граѓаните по основа на пол, возраст, работен и социјален (класен) статус, степен на образование и место на живеење. Разлики се јавуваат по основ на етничка определеност и на симпатизери на политички партии, како и по региони. Етничките Македонци се 52,9 % против предвремени избори, а 32,5 % се за. Меѓу етничките Албанци односот е изедначен, 44,4 % се против, а 45,9 % се за предвремени избори. Табела 1. Споредба на ставовите на етничките Македонци и на етничките Албанци Против предвремени избори се симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а за предвремени избори се симпатизерите на СДСМ и ДПА. Против предвремени избори се и граѓаните кои не се симпатизери на ниедна партија. Табела 2. Споредба на ставовите на симпатизерите на политичките партии Најмала поддршка за предвремени избори има во југоисточниот регион (20,2 %), а најголема во полошкиот (46,7 %). Во скопскиот регион 51 % од граѓаните се против предвремени избори. Табела 3. Споредба на ставовите по региони
|