Ефикасност на граѓанските организации во Македонија |
Четврток, 17 јуни 2010 13:02 | |||
На 16 и 17 јуни 2010 година, во Скопје, во организација на Националниот совет на жени на Република Македонија (СОЖМ), се одржа семинар на тема „Ефикасноста на граѓанските организации во Република како дел од глобалниот консултативен процес за ефективноста. Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС зборуваше за улогата на граѓанските организации во развојот на општеството. Тој се осврна на потребата од терминолошкото дообјаснување на поимите граѓанско општество и граѓански организации, како и ефикасност и ефективност кои често погрешно се употребуваат како синоними. Потоа зборуваше за различните пристапи кон опфатот на граѓанското општество и неговата улога во општеството. За ефикасноста на граѓанските организации во Европската Унија зборуваше Франц Јозеф Бергер, претставник на Конкорд, а за ефективноста и придонесот на граѓанските организации во Балканскиот регион зборуваше Тања Хафнер-Адеми, извршен директорот на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество. Во вториот дел од денот беа презентирани неколку успешни примери на граѓански организации во Македонија,а во попладневните часови учесниците, во групи, работеа на развивање заеднички принципи и модели за дејствување во насока на обезбедување одржливост на граѓанските организации и нивните програми. Вториот ден, претставникот на Конкорд ќе зборува за создавањето поволни услови за полесен пристап до домашните и меѓународните ресурси и фондови, а ќе бидат презентирани и програми за поддршка на граѓанските организации како таа на Хабитат и ТАКСО. Учесниците ќе имаат можност да слушнат и за добрите практики на заедничко дејствување на граѓанските организации низ примерот на Сојузот Македонија без дискриминација.
|