Сексуалната ориентација и родовиот идентитет - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сексуалната ориентација и родовиот идентитет PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 јуни 2010 12:11

Почитување и слобода на изразување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет“ беше тема на студиската посета што се спроведе од 7-ми до 10-ти јуни 2010 година во Брисел. Посетата беше дел од програмата „Луѓе за луѓе“ (People 2 People) на Европската комисија, во рамките на инструментот TAIEX.

Сексуалната ориентација и родовиот идентитет

Во студиската посета учествуваа 28 претставници на граѓански организации од земјите од Западен Балкан и Турција, кои работат на полето на промовирање на правата на ЛГБТ заедницата, родовата еднаквост и недискриминацијата.  Меѓу нив беа и тројца претставници од граѓанскиот сектор во Македонија: Јана Бачева (МЦМС), Наташа Бошкова (ХОПС) и Кочо Андоновски (Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија).

Во текот на четиридневната студиска посета учесниците имаа можност да се сретнат со претставници на Европската комисија, Советот на ЕвропаЕвропската мрежа на тела за еднаквост, Телото за еднаквост во БриселЕвропскиот парламент (Интергрупата која се залага за ЛГБТ правата), како и организации кои работат во областа на заштитата од дискриминација и промовирање на еднаквоста како во Европските земји така и на меѓународно ниво – Меѓународната асоцијација на геј и лезбејки во Европа (ILGA Europe), Amnesty International, Legebitra (Словенија), Accept (Романија) и др.

Сексуалната ориентација и родовиот идентитет

Учесниците се запознаа со меѓународните и европските законски регулативи кои ја забрануваат дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација како и онаа врз основа на родовиот идентитет. Меѓу другото, акцент беше ставен и на начелата од Јогјакарта, кои претставуваат еден вид прилагодување на постоечките меѓународни принципи за човекови права во однос на сексуалната ориентација и родовиот иденитет. Исто така се зборуваше за моменталната состојба со правата на ЛГБТ заедницата и правата на жените во земјите од Западен Балкан и Турција, од аспект на законската рамка, образованието и јавното мнение.

Претставниците на Европската комисија ги запознаа учесниците со програмите на оваа институција кои овозможуваат финансирање на проекти за заштита на правата на ЛГБТ заедницата.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Сексуалната ориентација и родовиот идентитет