Трет форум на граѓанското општество на Западен Балкан - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Трет форум на граѓанското општество на Западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 мај 2010 21:59

Европскиот социјален и економски комитет (ЕЕСЦ) беше домаќин на Третиот форум на граѓанското општество на Западен Балкан што се одржа во Брисел на 18 и 19 мај 2010 година. Форумот ја реафирмира европската перспектива на земјите од Западен Балкан и побара подобро спроведување на законите.

Трет форум на граѓанското општество на Западен Балкан

Настанот го отворија г-ѓа Ирини Пири, потпретседателка на ЕЕСЦ и г. Мајкл Леј, Генерален директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, како и г. Александар Пејовиќ, амбасадор на Црна Гора.

Учесниците се фокусираа на спроведување на економските и социјалните права. Тие побараа проширување на членството на Европската агенција за фундаментални права на сите земји кандидатки и можни кандидати.

Трет форум на граѓанското општество на Западен Балкан

Форумот е организиран со  поддршка од Европската комисија, а учествуваа 150 учесници од регионот и ЕУ. Македонија ја претставија петмина учесници од работодавачите, синдикатите и другите граѓански организации. Претставник на МЦМС беше Сашо Клековски, кој претседаваше со сесијата за формулација на   заклучоците .

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Трет форум на граѓанското општество на Западен Балкан