Се одржа обуката за партиципативно буџетирање |
Петок, 28 мај 2010 13:18 | |||
Од 26 до 28 мај 2010 година, во Скопје МЦМС ја спроведе обуката за партиципативно буџетирање. На обуката учествуваа 16 претставници на граѓански организации. „Се пријавив на обуката, бидејќи спроведуваме проекти каде што го следиме општинскиот буџет, односно колку во рамките на буџетот е вметнат приодот од аспект на човекови права и колку се применува партиципативното буџетирање,“ ни кажа Павлина Зефиќ од Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Целта ми беше да добијам поголеми знаења од стручни лица кои имаат повеќегодишно искуство. Знаењата би ги применила во спроведувањето на спомнатите проекти,“ додава таа. За Павлина најкорисни биле дискусиите околу процесот на подготовка на самиот буџет, како на централниот така и на буџетот на единиците на локалната самоуправа. „Интересни беа и теориите поврзани со партиципативното буџетирање и позитивните примери. На пример, на примерот на општина Берово имавме можност да прашаме и да добиеме повеќе одговори“, кажа меѓу другото Зефиќ. Учесниците на обуката се стекнаа со знаења и практични вештини од областа на буџетскиот процес во Република Македонија. Обуката имаше теоретски дел за буџетските категории и фискалната политика и практични вежби и работа во групи. Посебно внимание се посвети и на можностите граѓанските организации активно да учествуваат во буџетскиот процес и на концептот на партиципативно буџетирање и можноста за негова примена на национално и на локално ниво. Обуката ќе спроведоа д-р Никица Мојсоска-Блажевски и м-р Мишо Николов од Универзитетот Американ колеџ. Обуката беше дел од програмата Добро управување во Македонија
|