Силни и трајни партнерства за одржливо граѓанско општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Силни и трајни партнерства за одржливо граѓанско општество PDF Печати Е-пошта
Вторник, 11 мај 2010 12:23

На 6 мај 2010 година во хотелот Александар палас во Скопје се одржа конференција за воспоставување партнерства меѓу граѓанскиот и другите сектори. Конференцијата беше дел од проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО)“, а еден од воведничарите беше првиот извршен директор на МЦМС, Сашо Клековски.

Силни и трајни партнерства за одржливо граѓанско општество

Во својата презентација тој укажа на предизвиците и предностите на соработката на граѓанските организации со државата и деловниот сектор и даде препораки за воспоставување и развивање трајни мрежи на соработка со Собранието, Владата, единиците на локалната самоуправа и деловниот сектор.

На конференцијата што ја следеа околу 100-тина учесници им се обратија и Зоран Милков, Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, Норик Селими, општина Чаир,Мартин Кочмановски, Тинекс и Сунчица Саздовска, проект ТАКСО.

Претставници на МЦМС учествуваа и во работата во работни групи за домашните можности за финансирање и корпоративна филантропија и партнерства помеѓу националните власти и граѓанските организации.

Соработката на граѓанските организации со државата и деловниот сектор

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Силни и трајни партнерства за одржливо граѓанско општество