Силни и трајни партнерства за одржливо граѓанско општество |
E martë, 11 maj 2010 12:23 | |||
На 6 мај 2010 година во хотелот Александар палас во Скопје се одржа конференција за воспоставување партнерства меѓу граѓанскиот и другите сектори. Конференцијата беше дел од проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО)“, а еден од воведничарите беше првиот извршен директор на МЦМС, Сашо Клековски. Во својата презентација тој укажа на предизвиците и предностите на соработката на граѓанските организации со државата и деловниот сектор и даде препораки за воспоставување и развивање трајни мрежи на соработка со Собранието, Владата, единиците на локалната самоуправа и деловниот сектор. На конференцијата што ја следеа околу 100-тина учесници им се обратија и Зоран Милков, Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, Норик Селими, општина Чаир,Мартин Кочмановски, Тинекс и Сунчица Саздовска, проект ТАКСО. Претставници на МЦМС учествуваа и во работата во работни групи за домашните можности за финансирање и корпоративна филантропија и партнерства помеѓу националните власти и граѓанските организации. Соработката на граѓанските организации со државата и деловниот сектор
|