Македонија и Северна Ирска разменуваат искуства - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонија и Северна Ирска разменуваат искуства PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 март 2010 15:50

Од денес па до 25 март 2010 година се реализира првата од шесте посети за размена на искуства меѓу Македонија и Ирска, пред се поврзани со искуствата за спроведување на Охридскиот рамковен договор и Северно Ирскиот договор од Велик петок.

МОСТ Македонија и Северна Ирска/Ирска – размена на искуства

Овие посети се дел од проектот МОСТ – граѓанско лидерство преку меѓународен дијалог, во кој МЦМС учествува во партнерство со Mediation Northern Ireland (МНИ), од Белфаст, а е поддржан од Европската Унија.

Ова прва делегацијата ја сочинуваат Ал Хачинсон, Полицискиот омбудсман на Северна Ирска, претставници на полицијата на Северна Ирска и на Република Ирска, како и претставници од граѓанското општество и академијата (Универзитетот во Даблин), со интерес во полициските и судските реформи.

Гостите од Северна Ирска ќе имаат средби со:

  • Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Македонија,
  • Абдилаќим Адеми, заменик премиер задолжен за спроведување на Охридскиот договор,
  • Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи,
  • Џеват Адеми, Претседател на Комитет за односи меѓу заедниците,
  • граѓански организации (Хелсиншки комитет и коалицијата Сите за фер и правично судење),
  • МАНУ, како и
  • мисиите на ОБСЕ и  Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Гостите ќе ги посетат општините Јегуновце и Теарце како пример на пост-конфликтен развој; Полицискиот тренинг центар; како и полициската станица Карпош како пример на добра пракса.

МОСТ е проект за учење и вмрежување и има цел да ги адресираа прашањата на поделба преку создавање и развој на меѓународни врски, размена на добри практики и зајакнување на локалните медијатори со меѓународно искуство. Проектот има три столба. МЦМС е вклучен во првиот – транснационална размена на добри практики.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Македонија и Северна Ирска разменуваат искуства