Заврши третата средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Заврши третата средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Четврток, 26 октомври 2017 13:09

Вкупно 186 претставници на граѓанските организации поддржани од програмата Цивика мобилитас, на 24 и 25 октомври 2017 година во Охрид разменуваа знаења и искуства од секојдневната работа и дискутираа за тоа како да ги направат повидливи промените што ги прават во општеството. 

Zavrshi tretata sredba za vmrezhuvanje na grantistite na Civika mobilitas

„Голем дел од идеите кои ги добив за време на овој настан потекнуваат од искуствата што ги споделија моите колеги од другите организации“, рече Киро Јорданов од Спектрум плус. „Запознав неколку организации кои се многу слични на нашата со кои разговаравме за соработка на идни проекти“, додаде тој. 

Фокусот на ова Средба за вмрежување беше ставен на препознавањето на промените што ги прават организациите и нивото визуелизирање, односно начинот на кој тие промени се комуницираат со граѓаните без разлика дали се целни групи или општа јавност. 

Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на програмата од Велика Британија и Мајк Зијдердуин, директор на МДФ (Раководење со развојни фондации) од Холандија ги поттикна учесниците да размислуваат за промените што ги прават со нивните активности. Работејќи во групи, тие ги идентификуваа промените кои настанале благодарение на нивните активности, а потоа, ги демистифицираа чекорите кои се потребни да се направи таа промена. Целиот процес беше во голема мера освестување за тоа што оргнаизациите идентификуваат како промена и како тоа го мерат и презентираат пред јавноста.

„Програмата Цивика мобилитас е исклучително важна за нас од аспект на регрутирање млади новинари кои ќе ја прифатат мисијата на Скуп, а тоа е следење на работата на државните институции на централно и локално ниво. Со грантот успеавме да иницираме конкретни постапки пред институциите и да придонесеме за зголемување на транспарентноста на политичките партии“, рече Жаклина Хаџи-Зафирова од Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија.

Средбата за вмрежување е уникатна можност за грантистите, сите заедно на едно место да ги споделат искуствата и да дискутираат за проблемите со кои се соочиле и начинот како ги надминале.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Заврши третата средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас