Македонија и Северна Ирска разменуваат искуства |
E hënë, 22 mars 2010 15:50 | |||
Од денес па до 25 март 2010 година се реализира првата од шесте посети за размена на искуства меѓу Македонија и Ирска, пред се поврзани со искуствата за спроведување на Охридскиот рамковен договор и Северно Ирскиот договор од Велик петок. Овие посети се дел од проектот МОСТ – граѓанско лидерство преку меѓународен дијалог, во кој МЦМС учествува во партнерство со Mediation Northern Ireland (МНИ), од Белфаст, а е поддржан од Европската Унија.Ова прва делегацијата ја сочинуваат Ал Хачинсон, Полицискиот омбудсман на Северна Ирска, претставници на полицијата на Северна Ирска и на Република Ирска, како и претставници од граѓанското општество и академијата (Универзитетот во Даблин), со интерес во полициските и судските реформи. Гостите од Северна Ирска ќе имаат средби со:
Гостите ќе ги посетат општините Јегуновце и Теарце како пример на пост-конфликтен развој; Полицискиот тренинг центар; како и полициската станица Карпош како пример на добра пракса. МОСТ е проект за учење и вмрежување и има цел да ги адресираа прашањата на поделба преку создавање и развој на меѓународни врски, размена на добри практики и зајакнување на локалните медијатори со меѓународно искуство. Проектот има три столба. МЦМС е вклучен во првиот – транснационална размена на добри практики.
|