МЦМС ги јакне своите капацитети за антикорупција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ги јакне своите капацитети за антикорупција PDF Печати Е-пошта
Среда, 12 јули 2017 15:09

Да ги освежи и зајакне антикорупциските знаења и практични вештини на професионалците од целиот свет  и да им овозможи вмрежување и остварување на нови контакти – тоа беше целта на седмата по ред „Летна академија за антикорупција 2017“ што се одржа од 30 јуни до 7 јули 2017 г. во Лаксенбург, Австрија, а на која учествуваше и Марија Саздевски од МЦМС.

MCMS gi jakne svoite kapaciteti za antikorupcija 1

Најзначајните пораки се:

  1. Корупцијата не е културолошка карактеристика, која треба да се прифати во помалку демократски општества.
  2. Штетата на корупција не се мери само во финансиски средства, таа доведува и до нарушување на основни човекови права.
  3. За успешна борба против корупција, потребни се мерки кои ќе го сменат однесувањето, кое, со тек на времето ќе доведе и до промена на ставовите. 

MCMS gi jakne svoite kapaciteti za antikorupcija 2

Вкупно 61 претставник од јавни институции, меѓународни организации, приватен сектор, универзитети и граѓански организации од 40 земји имаа можност да ја следат програмата која вклучи повеќе перспективи на корупцијата вклучувајќи етика, психологија, право, економија, и друго. Учесниците имаа можност и да дискутираат и дебатираат со предавачи од Соединетите Американски Држави, Хонг Конг, Кувајт, Јужна Африка, Холандија, Република Кореја и Словенија.

Летната школа ја организира Меѓународна академија за антикорупција (International Anticorruption Academy - IACA), меѓународна организација со седиште во Лаксенбург, Австрија. Ова е прва глобална институција од ваков вид, посветена на надминување на сегашните недостатоци во знаењето и практиката во областа на антикорупцијата.

MCMS gi jakne svoite kapaciteti za antikorupcija 3

МЦСМ континуирано вложува во капацитети на свои вработени овозможувајќи им учество на настани на реномирани меѓународни институции. 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС ги јакне своите капацитети за антикорупција