Институтот за демократија е новиот Секретаријат на Платформата за борба против корупција |
Понеделник, 10 април 2017 09:13 | |||
На четвртата седница на Собранието на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, што се одржа на 7 април 2017 година, Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) е избран за домаќин на Секретаријатот на Платформата во траење од три години. ИДСЦС ќе ја замени Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар која до сега ја имаше улогата на Секретаријат на Платформата. Членовите на Собранието му се заблагодарија на АДИ за досегашната успешна работа, и му посакаа ИДСЦС уште подобри резултати. Платформата на граѓански организации за борба против корупција е основана на 9 декември 2014 г. од 15 граѓански организации. Таа цели кон проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата. Членки на Платформата се: Асоцијацијата за демократски иницијативи, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, Истражувачкиот центар за граѓанско општество, Коалицијата „Сите за правично судење“, КОНЕКТ, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Метаморфозис, МОСТ, Охрид Институт, Транспаренси Интернешнл Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Форум ЦСИД, Центарот за граѓански комуникации и Центарот за истражување и креирање политики.
|