До каде е спроведувањето на Охридскиот рамковен договор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

До каде е спроведувањето на Охридскиот рамковен договор PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 01 Февруари 2010 13:13

МЦМС, заедно со Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар ќе го спроведат проектот Анализа на степенот на имплементација на Охридскиот рамковен договор.

До каде е спроведувањето на Охридскиот рамковен договор

Ќе биде направена независна анализа за степенот на имплементација на Охридскиот рамковен договор, ќе бидат нагласени најдобрите практики и ќе бидат дадени препораки во подрачјата каде што е потребно подобрување. Покрај истражувањето во рамките на проектот ќе бидат направени 3 работилници во Гостивар, Струга и Дебар на кои ќе се дискутираат проблемите со кои се соочуваат општините, 3 обуки за локалните власти во Гостивар, Струга и Дебар за интеркултурен дијалог и една завршна конференција. Во рамките на овој проект се планира и воспоставување на лоби група која ќе работи на поефикасната имплементација на Охридскиот рамковен договор.

Буџетот на проектот изнесува 84.000 евра, од кои 64.000 евра се обезбедени од Европската иницијатива за демократија и човекови права (ЕИДХР), а останатите се сопствено учество на организациите.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести До каде е спроведувањето на Охридскиот рамковен договор