Четири концепти за проекти изгласаа граѓаните на Радовиш и Конче - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Четири концепти за проекти изгласаа граѓаните на Радовиш и Конче PDF Печати Е-пошта
Среда, 27 јануари 2010 16:22

На четвртата форумска сесија што се одржа на 21 јануари оваа година, граѓаните на Радовиш и Конче поддржаа четири концепти кои во следната фаза треба да станат предлог проекти.

Четири концепти за проекти изгласаа граѓаните на Радовиш и Конче

Концептите, согласно темата,  се фокусирани на водоснабдување и отпадни  води: „Искористување на атмосферската вода како техничка и поделба на региони на населените места според надморската висина“; „Кампања за правилно користење на водата“; „Техничка опрема за одржување на мрежата за одвод на отпадните води“ и „Третман на отпадни води и колекторски системи за отпадни води“.

Четири концепти за проекти изгласаа граѓаните на Радовиш и Конче

Граѓаните ги утврдија работните групи кои понатаму ќе ги доработуваат концептите во предлог проекти.

Следната форумска сесија е закажана за 18 февруари, во Радовиш.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Четири концепти за проекти изгласаа граѓаните на Радовиш и Конче